- Version
- Преземи 5
- Големина на фајлот 965.86 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 28, 2022
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-635/21
(...) „Со оглед да правосилно е поништена трансформацијата на работниот однос на тужената од определено на неопределено време, а договорот за вработување на тужената на неопределено време од 23.05.2017 година е склучен врз основа на ваквата поништена трансформација и всушност истиот претставува договор за трансформација на работниот однос на тужената од определено на неопределено време и е составен дел на трансформацијата, содржан во став 2 од Одлуката за трансформација, Овој суд оценува дека и ваквиот договор кој претставува всушност договор за трансформација на работниот однос на тужената е спротивен на горе наведените одредби од Законот за вработените во јавниот сектор и ЗРО и со оглед да е поништена трансформацијата и овој договор не може да има правно дејство, односно дека ништовна е одредбата од чл. 2 на овој договор со која е регулирано дека работниот однос се заснова на неопределено време од 23.05.2017 година на работно место секретар, а со тоа не може да има дејство и целиот овој договор со оглед на ништовноста на оваа одредба од договорот, а која се однесува на засновањето на работниот однос, односно трансформацијата на работниот однос на тужената од определено на неопределено време. Според тоа, во конкретниот случај исполнети се условите од чл. 29 од ЗРО според кој одредбите од договорот за вработување кои се спротивни со општите одредби за правата, обврските и одговорностите на договорните страни определени со закон, колективен договор, односно акт на работодавачот се ништовни од моментот на склучувањето на договорот и истите не произведуваат правно дејство сметано од склучувањето на договорот. Со оглед да во конкретниот случај основната одредба од договорот, односно чл. 2 од истиот со кој се заснова односно трансформира работниот однос од определено на неопределено време е ништовна бидејќи засновањето, односно трансформацијата на ваквиот работен однос е спротивна на закон и е ништовна, престанува и нема правно дејство целиот договор за вработување, бидејќи основната одредба за засновање односно трансформација на работниот однос е ништовна и е спротивна на горе наведените законски одредби.
При ваква состојба Овој суд оценува дека е основано тужбеното барање на тужителот за утврдување на ништовност на предметниот договор за вработување кој всушност е и составен дел на Одлуката за трансформација, која одлука правосилно е поништена како незаконита во судска постапка и дека истиот нема правно дејство од неговото склучување.”