- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 892.79 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 10, 2022
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-482/21
(...) „Согласно чл. 106 ст. 3 од ЗРО, додатоците се определуваат за посебни услови при работа кои произлегуваат од распоредот на работното време и тоа за работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, работа на дежурство согласно закон, продолжена работа, работа во ден на неделен одмор, работа во празници определени со закон и додаток за работен стаж.
Согласно чл. 45 ст. 1 алинеја 1 од Колективниот договор на тужениот од 2006 година работник има право на отсуство од работа со надомест на плата за време на празниците на РМ и деновите со закон кои се определени како слободни денови од работа.
Согласно чл. 59 ст. 1 алинеја 4 од КД на тужениот од 2006 година на работникот му се исплатуваат следните додатоци на платата што му припаѓа и тоа за работа на празници утврдени со закон определени како неработни денови 50%.
Овој суд смета дека неосновани се наводите на тужениот дека истиот со тоа што му исплатил на тужителот само 50% зголемување на платата за работа во државен празник, бидејќи така било предвидено со КД на тужениот, ја исполнил обврската. Ова од причина што и сведокот М. Б. во својот исказ потврди дека на тужителот му било исплатено само 50% надоместок за работа во празник, а за самата работа во празник не му било исплатено, бидејќи така било исплаќано на ниво на Јавно претпријатие. Тужениот на тужителот за работа во државен празник наместо да му исплаќа награда за одработените денови за време на празник истиот му исплаќал само 50% награда, а одработените часови не му ги исплаќал и не биле евидентирани во исплатното ливче како одработени часови. По мислење на овој суд тоа што тужениот изјавил дека така било предвидено со неговиот КД и таква му била програмата за пресметка на плата, не го оправдува на тужителот кој работел на државен празник да не ги исплаќа саатите кои ги одработил за време на државен празник. Вештото лице во својот вешт наод и мислење точно и прецизно објаснил дека тужениот на тужителот му исплатил само надоместок од 50% за работа во државен празник, а не му исплатил и надоместок за работа за самиот празник.”