Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-493/20

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 559.39 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 25, 2021
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-493/20

(...) „Првостепениот суд досуди штета за периодот од 06.11.2017 година до 22.11.2017 година, како разлика на плата од платата која тужителот ја примал од 28 часа неделно до платата од 40 часа неделно, по извршноста одлуката на второстепениот суд со која го задолжил тужениот да го врати тужителот на работа, да му го трансформира работниот однос од определено на неопределено време и да склучи договор за вработување на неопределено време. Оваа штета на тужителот му следува до денот кога тужителот бил вратен на работа согласно оваа одлука и склучил договор за вработување врз основа на кој бил пријавен во Агенцијата за вработување.

 

Неоснован е жалбениот навод на тужителот дека му следува штета од денот кога незаконито му престанал работниот однос од 11.03.2016 година до враќањето на работа, бидејќи враќањето на работа на тужителот во конкретниот случај е како причина на трансформирањето на работниот однос од определено на неопределено време и склучувањето на договор за вработување на неопределено време. Тужениот има обврска да го врати тужителот на работа со денот на склучувањето на договорот за вработување на неопределено време, а не и наназад од денот на престанокот на работниот однос од 11.03.2016 година. Само доколку обврската на тужениот од незаконитиот престанок на работниот однос на тужителот да го врати на работа и да го пријави во задолжително социјално осигурување е со денот на незаконитиот престанок на работен однос, само во тој случај би му следувала на тужителот штета од денот на престанокот на работниот однос до враќањето на работа. Со оваа пресуда тужителот се враќа на работа кај тужениот кој треба со тужителот треба да склучи договор за вработување на неопределено време и доколку тужениот не постапи по ваквата пресуда тужителот би имал право да бара надомест на штета во висина на неисплатени плати и разлика во плата.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-215/20
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право