Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-458/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 1.01 MB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 6, 2021
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-458/21

(...) „Во чл. 68 од Колективниот договор за социјална заштита Службен весник 83/2006 е предвидено дека основната плата на работникот се зголемува по час и тоа за работа ноќе во висина од 35% и за работа во денови на празници утврдени со закон 50% и за работа подолга од полното работно време 35%.

Во Колективниот договор за социјална заштита од 2019 година, а во чл. 53 е предвидено дека работникот има право на додаток на плата за работа за време на празници утврдени со закон и за ноќна работа и додаток на плата за работа подолга од полното работно време. Додатокот на плата за ноќна работа по час се вреднува во износ од 35% од износот на основната плата по час. Работникот кој бил ангажиран за работа во време на неделен одмор, за работа во време на празници утврдени со закон и за работа подолга од полното работно време има право на онолку слободни часови, односно денови колку што бил ангажиран за работа надвор од редовното работно време. Доколку на работникот не му се обезбеди користење на слободни денови по основ на работа за време на празници му се исплаќа додаток на плата во износ од 35% од износот на основната плата пресметана по час. Не е спорно дека доколку работникот работи за време на неделен одмор, работи за време на празници утврдени со закон и подолга од полното работно време има право на слободни денови, односно денови колку што бил ангажиран за работа надвор од редовното работно време. Во случајот тужителот има одработено 29 часа работа подолга од полното работно време, меѓутоа од доказите во текот на постапката пред првостепениот суд, односно од наодот на вештото лице произлегува дека на тужителот по овој основ не му е овозможено да користи слободни денови. Во конкретниот случај, не е спорно дека на тужителот му се исплаќа додаток за работа ноќе во висина од 29% од износот на основната плата на работникот и за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон му се исплаќа додаток на плата за поминатите часови на работа зголемена за 42% согласно чл. 1 од Општиот колективен договор за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија Службен весник 85/2009 година.

Иако со колективните договори за социјална заштита, предвидени се додатоците на плата за работа во празници за ноќна работа и колку се зголемува основната плата по овие основи, тужениот и исплаќал вакви додатоци согласно чл. 73 од Колективниот договор за социјална заштита, број 83/2006, во кој е предвидено дека додатоците на плата, надоместоците и другите примања на работникот се исплаќаат под услови, во висина и на начин утврдени со општите услови од Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор.

При состојба кога, со Колективниот договор уредени се додатоците на плата и нивната висина, не може работодавачот овие додатоци да и ги исплаќа по процентот од Општиот колективен договор за вработените во јавен сектор од причини што со Колективниот договор на гранка за социјална заштита, за работниците можат да се предвидат и поповолни права од правата кои се предвидени во Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-398/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право