- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 847.60 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 4, 2021
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-10/21
(...) „Во чл. 85 од Колективниот договор на тужениот, предвидено е дека, за секоја измината година работен стаж на работникот му се исплатува додаток на основната плата во висина од 0,5%, но не повеќе од 20% за целокупниот стаж и 0,25% за секоја година работен стаж во ЈКП (сталност).
Во чл. 106 од Законот за работните односи е предвидено дека, додатоците на плата се определуваат за посебните услови при работа кои произлегуваат од распоредот на работното време и тоа за работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, работа на дежурство, работа во ден на неделен одмор, работа во празници определени со закон и додаток за работен стаж. Во смисла на погоре цитираните одредби од Законот за работните односи и Колективниот договор на тужениот, на тужителот му е исплаќан додаток на плата за работен стаж, а додатокот на плата од 0,25% за секоја година работен стаж во ЈКП (сталност) не му е исплаќан на тужителот од причини што станува збор за додаток на плата за редовно идење на работа. Согласно Колективниот договор за редовно идење на работа, работникот добива додаток на плата на начин и под услови определени со одлука на Управниот одбор, а во конкретниот случај од страна на тужениот не е донесена ваква одлука, па правилно од страна на првостепениот суд е одбиено тужбеното барање на тужителот.”