- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 1.27 MB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 29, 2021
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-19/21
(...) „Првостепениот суд прифатил дека во Колективниот договор на работниците во јавното претпријатие за стопанисување со шуми не е предвидено ваквото право на тужителот и дека ваквата спогодба не е составен дел на Колективниот договор на гранка ниту на поединечниот колективен договор, меѓутоа во случајот неспорно е дека се работи за спогодба со која спогодба меѓу останатото е предвидено и право на работниците во случај на промена на работното место со помал број на бодови работникот да ги земе бодовите кои се поповолни за него согласно законските прописи. Се додека ваквата спогодба не се утврди дека е ништовна и дека е склучена спротивно на устав, закон и колективен договор истата произведува правно дејство, па правилно првостепениот суд прифатил дека тужениот не можел да му ја намали платата на тужителот со оглед на фактот дека бил работник кој бил пет години до остварување на правото на пензија.”