- Version
- Преземи 9
- Големина на фајлот 114.54 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 25, 2017
- Последна промена декември 27, 2022
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-580/17
„Во член 200 од Законот за работни односи е предвидена заштита на синдикалниот претставник од отказ. Поради превземање на синдикална активност не може да му се намали платата или да му се откаже договорот завработување. Меѓутоа, во конкретниот случај и во моментот кога кај него било утврдено присуство на алкохол во крвта, тој не вршел синдикална активност, туку своите работни задачи. Неспорно е во случајот дека кај работникот е констатирано присуство на алкохол од 0,16 промили што е спротивно на одлуката донесена од работодавачот. но, дали Агенцијата за обезбедување на имот и лица според Законот за приватно обезбедување може да врши алкотестирање и дали лицата кои го вршеле алкотестирањето имале лиценци според Законот за приватно обезбедување во конкретниот случај, не е од влијание за донесување за поинаква одлука со оглед на фактот дека контрола на Агенциите за приватно обезбедување, а согласно член 67 од истиот закон врши Министерството за внатрешни работи. Ова значи дека доколку во друга постапка се утврди дека Агенцијата за обезбедување постапила надвор од овластувањата што ги има пропишано со Законот за приватно обезбедување може на работникот да му послужи како основ за повторување на оваа постапка. Второстепениот суд укажува на околноста дека не е дозволено конзумирање на алкохол за време на работа ниту пак доаѓање на работа под дејство на алкохол со оглед на фактот дека работодавачот сака да се заштити од несакани последици и повреди на работа.“
н.з. Во случајот, синдикатот има дадено согласност во смисла на член 200 ст.3 од ЗРО.