- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 92.09 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 20, 2018
- Последна промена ноември 16, 2021
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ 4/18
Работникот како компензација за извршените работни задачи односно за вршењето на работа кај работодавачот, на месечна основа добива плата и други парични надоместоци. Доколку работодавачот не ги исплатил навремено тие средства, тогаш работникот има право да ги побара со поведување на судска постапка. Но, доколку работникот почине, тогаш неисплатените плати и придонеси може да ги побараат членовите на неговото семејство како негови законски наследници. Во ваков случај, неисплaтените плати и придонеси претставуваат оставина на починатиот.