Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-61/21

  • Version
  • Преземи 7
  • Големина на фајлот 1,013.18 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 9, 2021
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-61/21

(...) „Во чл. 47 од Законот за установите, е предвидено дека со менаџерскиот договор се уредуваат правата и обврските на основачот и директорот, времето со кој е склучен менаџерскиот договор, условите под кои основачот може еднострано да ги измени договорните услови од склучување на договорот, условите под кои основачот може еднострано да го раскине договорот пред истекот на рокот за кој е склучен.

Во погоре цитираната одредба од менаџерскиот договор е предвидено дека директорот на националната установа ако е разрешен пред истекот на мандатот со денот на разрешувањето престанува да важи менаџерскиот договор. Со разрешувањето на тужителот од функцијата директор на НУ Г. П., престана да важи и менаџерскиот договор, бидејќи Законот за култура како и менаџерскиот договор дава можност за еднострано раскинување на договорот пред времето за кое договорот е склучен, а со денот на разрешување на директорот пред истекот на мандатот.

Од погоре наведеното произлегува дека директорот поднел нацрт годишна програма за работа на установата каде работел иако на таа програма согласност треба да даде управниот одбор во смисла на чл. 70 од Измените на Законот за култура. Тоа што тогаш управниот одбор не работел бидејќи не бил во полн состав не го спречило да достави до Министерството за култура предлог програма за работа на установата, а за другите неправилности утврдени од инспекторот тврди дека не ги сторил бидејќи управниот одвор не работел заради тоа што на некои членови му бил истечен мандатот. По погоре цитираните одредби тужителот не отпочнал постапка за формирање на комисија за реаудиција, ниту пак направил некакви напори за воведување електронски систем за евиденција на работното време што се негови надлежности по Законот за култура. Ако тужителот имал направено напори или барања до Министерството за култура за одобрување на средства за воведување на електронска евиденција на вработените, ако побарал мислење од Министерството за култура за начинот за формирање комисија за реаудиција на уметниците или пак да се одобрат средства за оваа намена, тогаш немаше да има вина на негова страна за повреда на Законот и Статутот на установата.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-195/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право