- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 967.83 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 19, 2021
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-121/21
(...) „Во чл. 2 од Законот за судска служба, е предвидено дека судската служба ја сочинуваат судските службеници, лицата вработени во судовите кои вршат помошни и технички работи и судската полиција.
Во чл. 50 од истиот закон, е предвидено дека вработените во судската служба за својата работа имаат право на плата, надоместоци на плата согласно со овој закон, посебните закони, општите прописи за работните односи и колективните договори.
Во чл. 3 т. 2 од Законот за судска служба, предвидено е дека лицата вработени во судовите кои вршат технички и помошни работи немаат статус на судски службеници и за нив важат Законот за вработени во јавниот сектор и Општите прописи за работните односи. Во смисла на погоре цитираните одредби, неспорно е дека во судската служба влегуваат и лицата вработени во судовите кои вршат технички и помошни работи, меѓутоа членот 3 од истиот Закон упатува на фактот дека овие лица немаат статус на судски службеник.
Во чл. 78 од Законот за судска служба, е предвидено дека платите на лицата вработени во судовите кои вршат технички и помошни работи се во рамките на платите утврдени за административно-техничките судски службеници во зависност од степенот на образование, работното место на кое се распоредени согласно Актот за систематизација на работните места и работното искуство. Членот 78 од Законот за судска служба, е една општа одредба и рамка во која би се движеле платите на лицата вработени во судовите кои вршат технички и помошни работи, меѓутоа во списите на предметот не е доставен Акт за систематизација на работните места, за да се утврди како е вреднувано работното место хигиеничар од една страна, а од друга страна согласно Законот за судска служба, лицата вработени во судовите кои вршат помошни и технички работи немаат статус на судски службеници. Во ситуација кога лицата вработени во судовите кои вршат помошно технички работи немаат статус на судски службеници на истите во делот за платата не може да се примени Законот за судска служба.”