Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-514/18

  • Version
  • Преземи 3
  • Големина на фајлот 530.61 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 9, 2018
  • Последна промена декември 27, 2022

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-514/18

(...) „Согласно член 80 став 4 од Законот за основното образование, на јавниот оглас за засновање на работен однос за наставник, стручен соработник, односно воспитувач, може да се пријави и лице без положен стручен испит и да заснова работен однос на определено работно време до крајот на учебнатагодина, а согласно став 5 од истиот член, без положен стручен испит не може да се заснова работен однос на неопределено време. Од оваа одредба несомнено произлегува дека, на јавен оглас за засновање на работен однос на определено време, може да се пријави и лице без положен стручен испит и да заснова работен однос на определено време до крајот на учебната година и дека, стручниот испит не е услов за пријавување на оглас и за засновање на работен однос на определено време, туку истиот е услов согласно став 5 од оваа одредба, за засновање на работен однос на неопределено време.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ 589 18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право