- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 946.36 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 20, 2022
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-136/22
(...) „Согласно чл. 111 од ЗРО, работодавачот може да го задржи исплаќањето на платата само во законски определени случаи и судот ја имаше во предвид донесената одлука за намалување на платите поради тешката финансиска состојба кај тужениот, истата одлука согласно Статутот на тужениот е донесена од Собирот на работниците, произведува правно дејство, бидејќи од никого не е поништувана, а собирот на работници согласно статутот има право да одлучува за исплатата на платите кај тужениот. Согласно договорот за вработување плата се исплаќа за работно место и за извршена работа, меѓутоа во случај кога е донесена одлука од собирот на работници да се намалат платите за периодот кога воопшто не биле исплатени, овој суд смета дека правилно првостепениот суд го применил материјалното право кога го одбил тужбеното барање на тужителката за исплата на разлика во плати сметано од месец ноември 2016 година заклучно со месец февруари 2017 година.”