Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-146/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 1.17 MB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 7, 2021
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-146/21

(...) „Согласно чл. 30 ст. 2 од ЗРО, во случаите определени со Закон и КД, работникот е должен да врши и друга работа која не е предвидена во Договорот за вработување, ако е во рамките на степенот на неговата стручна спрема.

Согласно чл. 52 од КД кај тужениот, работникот има право на плата сразмерно на извршената работа, а согласно чл. 41 од ЗРО, работодавачот е должен на работникот да му обезбеди соодветно плаќање за извршената работа, во согласност со одредбите од чл. 105 до 114 од ЗРО. Во конкретниот случај, од исказите на сослушаните сведоци, а пред се од исказот на сведокот Ј. Ѓ. кој по негов усмен налог тужителот бил распореден на работно место Сменски електричар, како и од исказот на сведокот З. К., кој бил негов претпоставен, неспорно е дека тужителот во спорниот период работел на работно место Сменски електричар, за кое работно место во систематизацијата кај тужениот е предвиден коефициент од 2,63, а кој факт не го оспорува ниту тужениот. Во контекст на ова е и вештиот наод на вештото лице кое наведува дека во електронската евиденција во Прегледот на регистрации и Листите за присуство на работа, произлегува дека тужениот во спорниот период работел во 3 смени на работно место Сменски електричар.

При ваква состојба, во ситуација кога тужителот ги извршувал работните задачи на работно место Сменски електричар, без оглед што не се обратил писмено до тужениот да му биде променет Договорот за вработување, од погорецитираните одредби од ЗРО и КД на тужениот произлегува обврската на тужениот да му ја исплати разликата на плата помеѓу двете работни места, која плата е сразмерна на извршената работа.”

Претходно Правно мислење на Врховниот суд на Р.Македонија, во врска со трошоци за превоз до и од работа на вработени во јавниот сектор распоредени на работа надвор од местото на живеење (2019 година)
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право