Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-315/22

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 937.42 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 22, 2022
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-315/22

(...) „Во член 28-а од Законот за работните односи е предвидено дека, измените на Договорот за вработување се вршат со анекс на Договорот за вработување. Од цитираната одредба произлегува дека, со анекс можат да се вршат измени на Договор за вработување со согласност на двете страни, а решение за вработување или решение за плата не може да се менува со анекс. Тужениот при донесување на анексот за промена на решението од 01.10.1984 год., се повикал на чл. 28-а од Законот за работните односи, меѓутоа погрешно го применил во конкретниот случај. Со оглед на фактот дека тужителот не го потпишал анексот за измена на решението од 01.10.1984 година, тужениот на 24.07.2019 година, му дал Договор за вработување, со кој договор за работното место на кое работел по однос на платата дадени му биле 275 бода, што е спротивно на актите на тужениот, бидејќи со измените на Правилникот за организација и систематизација ова работно место било вреднувано со 313 бода.

Тужениот беше должен по донесување на измените на актите за систематизација на тужителот да му даде Договор или решение онака како што работното место е вреднувано во актите за систематизација, а не како што е постапено во конкретниот случај, со наводи дека тужителот не го потпишал анексот од 27.04.2018 година, па при таква состојба, според тужениот му следува плата во висина од 275 бода.

Од овие причини, со оглед на фактот дека одредбата од Договорот за вработување од 24.07.2019 год., била спротивна со актот за систематизација - Правилникот донесен на 19.04.2018 год., во делот на висината на платата на тужителот, произлегува дека таквата одредба е ништовна од моментот на склучувањето на договорот, согласно чл. 29 од ЗРО.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-276/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право