- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 898.48 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 5, 2022
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-317/22
(...) „Имено, согласно член 105 од ЗРО, работникот има право на заработувачка - плата согласно со Закон, Колективен договор и договор за вработување, а согласно член 106 од истиот Закон додатоците се определуваат за посебните услови при работа, кои произлегуваат од распоредот на работното време и тоа за работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, работа во дежурства согласно Закон, продолжена работа, работа во ден на неделен одмор, работа во празници определени со Закон и додаток за работен стаж.
Во конкретниот случај од изведените докази правилно утврдил првостепениот суд дека тужениот без основ му задржал на тужителот дел од платата за спорниот период во наведениот износ, а исто така му исплаќал помал износ за додаток за работен стаж во висина на износот утврден со вештачењето, па правилно постапил првостепениот суд кога согласно горе наведените одредби го задолжил тужениот да му ги исплати наведените износи по овие основи, а со тоа правилно го применил материјалното право.”