Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-329/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 984.71 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 25, 2021
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-329/21

(...) „Имено, точно е дека Законот за здравствена заштита претставува посебен закон, во поглед на ЗРО. Меѓутоа, доколку се зема во предвид одредбата од чл. 155-а од Законот за здравствена заштита (Сл. весник на РМ 43/14 од 04.03.2014 година) за вработените во здравствените установи кои вршат здравствена дејност се применуваат покрај одредбите од овој закон и општите прописи за работните односи, што значи дека посебниот закон повикува на примена на ЗРО. Од наведеното произлегува дека правилно првостепениот суд ги применил одредбите од чл. 117 од ЗРО.

Неосновани се и наводите во жалбата дека тужителот не можел истовремено да остварува право на додаток на плата како што е додаток на плата за прекувремена работа, и дежурство согласно Колективниот договор за здравствена дејност и право на исплата на бонус плата согласно чл. 117 ст. 4 од ЗРО. Имено, согласно чл. 117 ст. 4 од ЗРО, работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината кај истиот работодавач, во кој и не се засметуваат деновите на искористен годишен одмор, работодавачот е должен да му исплати покрај додаток на плата и бонус во висина од една просечна плата во Републиката. Од вака наведента одредба јасно произлегува дека работодавачот е должен на работникот да му исплати покрај додаток на плата во случајот додаток на плата за дежурство или прекувремена работа и бонус во висина од една просечна плата во Републиката.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-291/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право