Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-172/16

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 375.72 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 6, 2016
  • Последна промена декември 27, 2022

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-172/16

(...) „Работникот има право на надомест на плата за време на породилното отсуство. Работникот по породувањето поднесува барање до Фондот за здравствено осигурување за утврдување на право на надомест на плата поради спреченост за работа поради бременост и породување. Фондот донел решение со кое го известил работникот дека неможе да оствари вакво право затоа што не работел непрекинато повеќе од 6 месеци кај работодавачот. Кога работникот го примил решението од Фондот за здравствено осигурување се обратила во Фондот за ПИОМ и дознала дека има прекин во траењето на работниот однос, односно дека тужениот не ја одјавил согласно склучениот договор на определено време, туку на еден ден порано. Доколку работникот бил одјавен од страна на работодавачот на предвидениот датум, ќе остварел право на надомест на плата за време на користење на породилно отсуство. Меѓутоа, треба да се укаже на фактот дека на работникот не му престанал работниот однос по сила на закон по истекот на договорот за вработување.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1449/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право