Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-429/22

  • Version
  • Преземи 4
  • Големина на фајлот 963.24 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 5, 2022
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-429/22

(...) „Согласно чл. 106 ст. 3 од ЗРО, на работникот му следува додаток на плата за работен стаж.

Согласно чл. 25 од ОКД за приватен сектор, од областа на стопанството, е наведено дека овој додаток се пресметува на основната плата на работникот кој се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж.

Од оваа законска одредба произлегува дека вештото лице имало доволно факти и податоци за да го пресмета и утврди работниот стаж на тужителот кој за спорниот период не му бил исплаќан, бидејќи тужениот не достави доказ, ниту дозволи вештачење кај тужениот дека бараниот износ му бил платен на тужителот.

Исто така, од прегледот на регистрирани податоци во матичната евиденција издаден од ПИОМ може да се утврди дали на тужителот му бил исплаќан минат труд во конкретниот случај, а теретот на докажување е на страната на тужениот, така што единствено тужениот бил должен да докаже дека на тужителот му бил исплаќан додаток за минат труд, а кое право на тужителот произлегува од погоре цитираните одредби од ЗРО и Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-425/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право