- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 1.32 MB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 1, 2021
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-567/20
(...) „Во член 12 точка 4 од ЗРО е предвидено дека, правата од работен однос утврдени со Уставот, Закон и КД не можат да се одземат или ограничат со акти и дејствија на работодавачот.
Согласно чл. 106 ст. 1 и 3 од ЗРО основната плата се определува земајќи ги во предвид барањата на работното место за кое работникот го склучил договорот за вработување. Додатоците се определуваат за посебните услови при работи кои произлегуваат од распоредот на работното време и тоа за работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, работа на дежурство согласно Закон, продолжена работа, работа во ден на неделен одмор, работа во празници определени со Закон и додаток за работен стаж. Од ова произлегува дека додатокот на плата за минат труд, односно за работен стаж е законска категирија и работодавачот - тужениот е должен да го исплаќа. Во контекст на ова се и одредбите од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, каде стои дека додаток на плата за минат труд се исплаќа за секоја помината година на работен стаж по 0,5%, а најмногу до 20%. Од страна на вештото лице правилно бил пресметан бруто износот на додаток на плата за работен стаж на основната плата од 15.000,00 денари, така што додатокот на плата за минат труд не влегува во основната плата, туку се пресметува дополнително и се додава на основната плата.”