Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-708/17

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 357.85 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 9, 2017
  • Последна промена декември 28, 2022

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-708/17

(...) „Согласно член 65 од Законот за судска служба, вработениот во судската служба има право на плата и надоместоци од плата која што одговара на неготово работно место според услови и критериуми утврдени со овој Закон или КД. Платите на вработениот во судската служба се пресметуваат во бруто износ, а се исплатуваат во нето паричен износ еднаш месечно во тековниот месец за претходниот месец. Неспорно е дека во месец јуни и јули 2016 година во Основниот суд во Охрид, вработените учествувале во штрајк, меѓу кои и службеничката. Согласно член 77 од Законот за судска служба за време на штрајк судскиот службеник има право на плата во висина од 60% од платата што ја примил претходниот месец. Првостепениот суд утврди дека службеничката е вработена во Основен суд Охрид. Во спорниот период, судската администрација на Основниот суд Охрид, организирана преку штрајкувчкиот одбор се вклучила во штрајк организиран од страна на УПОЗ и здружението на судска служба. Меѓу штрајкувачите била и службеничката. Бидејќи штајкувачкиот одбор и учесниците во штрајкот не се изјасниле писмено дали учествуваат во штрајкот, Претседателот на судот донел наредба со што му наложил на сметководството на судот, на сите судските службеници кои учествувале во штрајкот во пресметката на плата за месец јуни 2016 година да им се исплати плата во висина од 60% од платата што ја примиле претходниот месец, вклучувајќи и на службеничката. Меѓутоа службеничката користела годишен одмор во спорниот период односно не штрајкувала, поради тоа и следи надомест за разликата во плата што не и ја исплатиле.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.171/2016
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право