- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 918.29 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 3, 2021
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-603/20
(...) „Согласно чл. 8 од Законот за административни службеници, Министерството за финансии во смисла на овој Закон има надлежност да дава согласности на годишните планови на буџетските корисници од прва линија кои се финансираат од буџетот на РМ и Јавните претпријатија основани од РМ за вработување на административни службеници, како и да дава согласности за обезбедени средства во буџетот на РМ за пополнување на секое работно место на административни службеници за кое платата и надоместоците на плата се исплаќаат од буџетот на РМ. Тужителката за периодот предмет на тужбено барање на разлика во плата од 01.01.2017 година до 31.03.2019 година со тужениот има склучено договор за вработување на неопределено време за работно место сметководител во институтот во П. Тужителката работела на ова работно место со вишо образование какво имала и за извршената работа и работните задачи од работното место на кое била распоредена согласно Договорот имала право на основна плата со коефициент од 1,950 бода. На тужителката согласно овој Договор за вработување ваквата плата и се исплаќала.
Видно од Правилникот за систематизација на работните места кај тужениот од 2015 година, за работните места сметководител и благајник било предвидено високо образование економски науки, односно ниво на квалификации VIБ според Македонската рамка на квалификации стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование. Правилникот бил донесен согласно измените и дополнувањата на Законот за административни службеници „Сл. весник на РМ 199/2014“ каде било предвидено дека административните службеници кои до денот на отпочнување со примена на овој Закон се распоредени на работни места за кои не го исполнуваат посебниот услов за стручни квалификации за нивото на работни места на кое се распоредени во однос на степенот и видот на образованието се должни да го исполнат условот во рок од 7 години од денот на отпочнувањето со примена на овој Закон. Согласно ст. 3 од истиот член, ставот 1 на овој член не важи за административните службеници кои ќе остварат право на пензија во рок од 10 години на отпочнувањето на примена на овој Закон. Тужителката се затекнала на работното место сметководител со вишо образование во периодот кога е во примена Законот за административните службеници и за работното место на кое била распоредена, било предвидено високо образование. Тужителката имала помалку од 10 години да го оствари правото за пензија и должна била да го оствари условот во рок од 7 години да се стекне со степен и вид на образование кое е потребно за работното место на кое бара разлика во плата.”