- Version
- Преземи 16
- Големина на фајлот 365.89 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 26, 2016
- Последна промена декември 28, 2022
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-7/16
(...) „Во член 113 од ЗРО е предвидено дека работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работа, меѓу кои и трошоци за смрт на работникот или член на неговото семејство.
Во член 2 од Законот за семејство предвидено е дека семејството е животна заедница на родители и деца и други роднини ако живеат во заедничко домаќинство. Во чл.75 од КД за комунални дејности предвидено е дека во случај на смрт на член на потеснсото семејство на работникот му се исплатува надоместок во висина од 2 просечни плати исплатени во републиката запретходните 3 месеци. Точно е дека, Општиот КД за јавен сектор и тоа член 21 предвидува дека работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работата утврдени со закон и во случаи на смрт на член на потесното семејство на работникот. Членот 21 од Општиот КД за јавен сектор предвидува исплата на вакви трошоци само кои истите се предвидени во закон., а тоа право за работникот го предвидува член 113 од ЗРО.
Како е наведено погоре, Општиот КД за јавен сектор предвидува дека таквото право следува во случаи на смрт на член на потесното семејство на работникот. Согласно член 12, доколку договоорт за вработување и колективниот догоовр предвидуваат помалку права од Законот за работни односи, тогаш се применува Законот за работни односи.”