- Version
- Преземи 4
- Големина на фајлот 674.57 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 3, 2017
- Последна промена декември 28, 2022
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-529/17
(...) „За да постои вознемирување на работното место тоа треба да биде систематски и постојано, лицето треба да биде изложено на психичко малтретирање и ставено во беспомошна и безизлезна ситуација, а активностите на вознемирувањето да се многу интензивни барем еднаш седмично или да се одвиваат во текот на подолг временски период најмалку шест месеци и да резултира со големо ментално, психосоматско и социјално страдање кај жртвата – работникот. Согласно чл.8 став 1 од Законот за заштита од вознемирување на работно место, поединечните акти донесени од страна на работодавачот со кои се одлучува за права обврски и одговорности од работен однос, против кои вработениот има право на заштита во постапка утврдена со Законот, не се сметаат за вознемирување на работно место.”