Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-275/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 926.90 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 20, 2021
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-275/21

(...) „Во чл. 4 од Законот за административни службеници е предвидено дека со овој закон се уредува статусот и други прашања во врска со работниот однос на административните службеници. Во точка 5 од овој член е предвидено дека за прашањата кои се однесуваат на работниот однос на административните службеници, а кои не се уредени со овој закон, со Законот за вработени во јавен сектор или посебните закони и со колективните договори се применуваат општите прописи за работните односи.

Во чл. 93 од овој закон е предвидено дека административниот службеник има право на надоместоци на плата и други надоместоци согласно со овој закон и општите прописи за работните односи меѓу кои и патни, дневни и други трошоци за службени патувања во земјата и во странство. Неспорно е дека Законот за вработените во јавен сектор се применува на органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Устав и со Закон. Не е спорно дека согласно чл. 43 од Законот за вработените во јавниот сектор вработениот во јавниот сектор на негово барање или по потреба на институцијата може да биде трајно распореден на друго работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација за што раководното лице на институцијата носи решение за негово распоредување.

Во точка 4 од овој член е предвидено дека работното место на кое се распоредува вработениот од став 1 и 2 на овој член не смее да биде оддалечено повеќе од 50 км. од работното место на кое истиот бил вработен пред распоредувањето. Тужителката е распоредена на работно место на исто ниво и звање од Подрачна единица во О. во Подрачната единица во Р. и дека работното место не е оддалечено повеќе од 50 км. на кое истата била вработена пред распоредувањето.

Со Законот за работните односи укинати се трошоците за превоз и согласно Законот за исплата на платите во Република Македонија трошоците за превоз влезени се во бруто плата на работникот, меѓутоа ваквото право на тужителката произлегува од чл. 21 ст. 1, алинеја 2 од Општиот колективен договор за јавен сектор во кој е предвидено дека работникот има право на надомест на трошоците за превоз до и од работа во случаи кога нема организирано превоз во висина на најниските реални трошоци. Во конкретниот случај од страна на тужениот нема организиран превоз на релацијата О. - Р. и обратно, па при таква состојба правилно од страна на првостепениот суд на тужителката и се досудени трошоци во висина на најниските реални трошоци на релацијата О. - Р. и обратно, односно трошоци во висина на цената на возниот билет во јавниот превоз. Дека вакви трошоци и следуваат на тужителката се има произнесено и Врховниот суд на Република Македонија во правното мислење на Седницата на Одделот на граѓански дела одржана на ден 02.12.2019 година.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-230/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право