Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-120/22

  • Version
  • Преземи 6
  • Големина на фајлот 856.94 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 16, 2022
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-120/22

(...) „Во чл. 77 од Колективниот договор за здравствена дејност, е предвидено дека работникот има право на одделни примања во висина утврдена со овој колективен договор, меѓу кои и за одвоен живот од семејството во висина од 60% од просечната месечна плата во Републиката исплатена во претходните три месеци.

Во смисла на погоре цитираната одредба од Колективниот договор за здравствена дејност, правилно на тужителката и е досуден надоместок за одвоен живот од семејството од 349.765,80 денари од причини што тужениот не докажа дека тужителката во 2018 и 2019 година користела годишен одмор, а од друга страна од дополнителниот наод и мислење произлегува дека во месец јули 2017, јули 2018 и јули 2019 година тужителката има дневни работни активности кои поименично се опишани во овој наод. Во оваа смисла, неосновани се тврдењата во жалбата дека тужителката во спорниот период користела годишен одмор и дека на име надоместок за одвоен живот од семејството и следува износ од 320.714,00 денари, а не досудениот износ од првостепениот суд.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-157/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право