Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-186/21

  • Version
  • Преземи 4
  • Големина на фајлот 929.46 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 13, 2021
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-186/21

(...) „Согласно чл. 77, ст. 3 алинеја 4 од Колективниот договор за здравствена дејност, работникот има право на надоместок за одвоен живот од семејството во висина од 60% од основицата, односно од просечната месечна плата во републиката исплатена во последните 3 месеци.

Тужениот донел решение од 10.07.2017 година и на тужителката и одобрил да и се исплати надоместок на име одвоен живот од семејството заради спроведување на супспецијалистичкиот стаж до полагање на супспецијалистичкиот испит со право од 01.03.2016 година. Имајќи ги во предвид изведените докази во текот на постапката за предметниот период за кој е донесено решението за одвоен живот, тужителката била на супспецијализација, била одвоено од семејството и супспецијализацијата ја завршила во предвидениот рок. Првостепениот суд наведува, дека по барање на тужениот, а поради недостаток на доктори била ангажирана да работи неколку денови кај тужениот, а истата била и член на управниот одбор кај тужениот. Не е спорно дека примала и надоместок за член на управниот одбор кај тужениот, а била ангажирана и за укажување на здравствени услуги од својата област во ЈЗУ О. Б. К., но одела и во С. на супспецијализација. Тужениот достави дневна евиденција за присуство на работа, видно од која тужителката била присутна на работа кај тужениот, истата и дежурала, а кај одредени лица вработени кај тужениот кои биле на специјализација или по други основи биле отсутни од работа или на супспецијализација е констатирано отсуство од работа, односно дека се на специјализација. Меѓутоа тоа не било причина да не се исполнат обврските од решение од 10.07.2017 година со кое тужениот на тужителката и одобрил користење надоместок на име одвоен живот од семејството заради спроведување на супспецијалистичкиот стаж до полагање на супспецијалистичкиот испит. Тужителката одела на супспецијализација и го положила супспецијалистичкиот испит без разлика што повремено работела и дежурала и што примала за тоа плата.

Неосновани се жалбените наводи на тужениот дека и сослушаните сведоци само го потврдиле редовното присуство на работа кај тужениот, бидејќи од изјавата на сослушаните сведоци В. М. и Е. Ј. произлезе дека во зависност од потребата на тужениот и дозволата од клиниката во С. тужителката доаѓала на работа кај тужениот кој имал потреба од неа, но и други лица кои биле на специјализација по потреба на тужениот доаѓале на работа, па неосновани се жалбените наводи на тужениот дека други доктори кои се на специјализиција не доаѓале на работа. Од изјавата на сведокот А. Н. произлегува дека согласно договорот за супспецијализација тужителката требала да биде во С., а ако извршувала работни задачи надоместокот за одвоен живот не се исплатувал, меѓутоа решението за исплата на надоместокот е во правна сила, таквото право на тужителката и е утврдено, а доказ дека била и во С. е навремено завршената супспецијализација.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-293/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право