Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-208/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 1.14 MB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 27, 2021
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-208/21

(...) „Согласно чл. 17 ст. 14 од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредно запишување во патничкиот сообраќај превозникот по исклучок од ставот 13 на овој член на мобилниот работник исплаќа надоместок за службено патување во странство во висина на признаени средства како трошок на работењето врз основа на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

Согласно чл. 35 ст. 1 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работата утврдени со закон и колективен договор и тоа дневници за службени патувања во земјата во висина од најмалку 8 % од основицата и дневници за службени патувања во странство согласно Колективен договор на ниво на работодавач, или акт на работодавач но не помалку од Уредбата за издатоците за службен пат и селидбени трошоци во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци. Првостепениот суд досудил дневници за службени патувања бидејќи тужителот поминал на пат 50 дена во странство, а туженот не му исплатил дневници меѓутоа немал во предвид дека чл. 17 ст. 14 од Законот за работното време за мобилните работници во патниот сообраќај, предвидува исплата на надоместок на службено патување врз основа на Општиот Колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, а Општиот колективен договор од областа на стопанството упатува на тоа дека работникот има право на надомест на дневници за службени патувања во странство согласно Колективен договор на работодавач или акт на работодавач.

Во конкретниот случај тужениот донел одлука да не се исплаќаат дневници за службени патувања, меѓутоа првостепениот суд при одлучувањето не ги имал во предвид актите на работодавачот – тужениот, односно не утврдил дали истиот има колективен договор на ниво на работодавач на кој упатува Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството или друг акт на работодавачот како, на пример статут и слично, во кој се регулирани дневниците за службени патувања во странство. Доколку ваквото право на работникот му е утврдено со колективен договор на ниво на работодавач или акт на работодавач во тој случај, доколку дневниците на службени патувања изнесуваат помалку од Уредбата за издатоците за службен пат и селидбени трошоци во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци, во тој случај, ако дневниците за службени патувања во Колективниот договор или друг акт на работодавачот се во помал износ, не можат да бидат помалку од цитираната Уредба.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-329/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право