- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 902.35 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 14, 2021
- Последна промена јули 12, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-232/21
(...) „Од друга страна, пак согласно член 21 став 1 алинеја 3 од ОКД за јавен сектор, работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работа утврдени со закон и тоа дневници за службени патувања во земјата. Согласно став 2 од истиот член, висината на надоместоците од став 1 освен алинеја 4 и 7 се усогласуваат со анекс на колективен договор на годишно ниво.
Во конкретниот случај во утужениот период во законите за извршување на Буџетот на РСМ никаде не се наведени износи на дневници за исплата на службени патувања, што значи дека не може да се примени ниту КД на јавен сектор, бидејќи упатува на анекс кон КД, а таков не е донесен. Од тие причини неоснован е и жалбениот навод дека во конкретниот случај судот погрешил кога не го применил член 28 став 3 од ЗРО во кој е предвидено дека доколку со колективен договор е договорено некое поголемо право за работникот од правото утврдено со ЗРО или друг закон, предност има колективниот договор, односно се применува непосредно одредбата од колективниот договор. Имајќи го во предвид наведеното неоснован е и жалбениот навод дека со оглед на тоа дека во Законите за извршување на буџетот за предметниот период нема воопшто наведена висина на надоместоци за исплата на дневници и службени патувања, непосредно се применувале колективните договори. Неоснован е, бидејќи за тужителот кој е со статус на административен службеник се применува специјалниот Закон за административни службеници, кој за висината на надоместоците за службени патувања упатува на Законот за извршување на буџетот.”