- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 944.53 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 12, 2022
- Последна промена јули 12, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-278/22
(...) „Согласно чл. 113 ст. 1 т. 1 од ЗРО, работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работата за службено патување. Согласно став 3, висината, основицата и рокот за пресметување и исплата на надоместокот на овие трошоци се утврдува со Закон и Колективен договор.
Согласно чл. 17 ст. 14 од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај, превозникот по исклучок од ставот 13 на овој член, на мобилниот работник исплаќа надоместок за службено патување во странство во висина на признаени средства како трошок на работењето врз основа на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Превозникот врз основа на одредената крајна дестинација на патувањето на стоката и/или патниците ја определува државата за која ќе пресмета надоместок на службено патување во еден циклус, во висина која е одредена со решение за највисоките износи на дневници за службено патување и селидба во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци. Во случај кога превозот се врши од една држава за матичната држава пресметката на дневници се одредува врз основа на државата од каде започнува превозот.
Согласно чл. 35 ст. 1 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утврдени со закон и колективен договор и тоа - дневници за служени патувања во земјата во висина од најмалку 8% од основицата и дневници за служени патувања во странство согласно Колективен договор на ниво на работодавач, или акт на работодавач, но не помалку од Уредбата за издатоците за службен пат и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци.
Од горе наведеното произлегува дека правото за исплата на дневници за службени патувања е утврдено и во Законот за работни односи и во Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај. Член 17 став 14 од истиот закон упатува на примена на Општиот колективен договор во приватниот сектор од областа на стопанството, а истиот пак упатува на Колективен договор на ниво на работодавач или акт на работодавач.”