Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-18/22

  • Version
  • Преземи 21
  • Големина на фајлот 976.66 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 28, 2022
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-18/22

(...) „Првостепениот суд при уважувањето на барањето за јубилејна награда се повикува на одредбата од член 102 ст. 1, алинеја 12 од КД на тужениот, според кој работникот има право на јубилејна награда за работа кај ист работодавач, а во чл. 115 од истиот КД за непрекината работа во друштвото за најмалку 10, 20 и 30 години на работниците им се дава јубилејна награда во висина од најмалку една основица или друг вид награда. Првостепениот суд прифаќа дека тужителот бил вработен кај тужениот сметано од 01.01.1998 година и до денот кога му било понудено враќање на работа, односно до правосилноста на одлуката со која е поништен неговиот отказ од 04.07.2019 година, изминале повеќе од 20 години непрекината работа кај тужениот, со што му следува надомест за јубилејна награда за непрекината работа 20 години.

Со ваквиот заклучок на првостепениот суд, не се согласува овој суд, бидејќи јубилејната награда се исплатува ако работникот нема прекин во работењето кај ист работодавач.

Во конкретниот случај, видно од Прегледот на регистрирани податоци во матична евиденција од Фондот на ПИО како утврди првостепениот суд тужителот бил вработен кај тужениот од 01.01.1998 година и до понудата за враќање на работа до 30.07.2019 година произлегувало дека го исполнал условот за исплата на јубилејна награда, бидејќи имал 20 години непрекинат работен стаж кај тужениот согласно чл. 115 од КД на тужениот.

Меѓутоа, првостепениот суд немал во предвид дека тужителот имал прекини во работата од 03.07.1998 година до 06.07.1998 година. Потоа има прекин од 15.11.2004 година до 22.03.2005 година. Од 23.03.2005 година до понудата за враќање на работа до 30.07.2019 година бидејќи незаконито му престана работниот однос, нема прекин во работата, но 22.03.2005 година до 30.07.2019 година нема 20 години работа кај тужениот.

Од овие причини на тужителот не му следува исплата на јубилејна награда за 20 години непрекината работа кај тужениот, поради што, овој суд барањето на тужителот за исплата на јубилејна награда за непрекината работа од 20 години кај тужениот го одби, како неосновано.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-616/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право