- Version
- Преземи 7
- Големина на фајлот 897.29 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 10, 2021
- Последна промена јули 12, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-587/20
(...) „Во конкретниот случај како неспорно е утврдено дека на 09.01.2017 година тужителот кај тужениот наполнил непрекинат работен стаж од 20 години. Со оглед дека тужбата е поднесена на 03.07.2020 година, истечен е рокот од 3 години за да може тужителот да бара исполнување на обврската. Тужителот кога го остварил правото за јубилејна награда на 09.01.2017 г. во наредниот рок од 3 години можеше да поднесе тужба, а не како што е постапено во конкретниот случај. Во член 350 од Законот за облигационите односи е предвидено дека застареноста почнала да тече првиот ден по денот кога доверителот имал право да бара исполнување на обврската ако за одделни случаи со Закон не е пропишано нешто друго. Во член 349 од истиот Закон е предвидено дека со застареноста престанува правото да се бара присилно исполнување на обврската. Застареноста настапува кога ќе истече определено време со Закон во кое доверителот можел да бара исполнување на обврската.
Во случајот рокот за застареност на паричните побарувања е уредено со член 115 од ЗРО, а се смета од денот кога настанала обврската на тужениот за исплата на јубилејна награда. Во конкретниот случај со донесување на одлуката за исплата на јубилејна награда од страна на Управниот одбор на тужениот на 25.07.2019 година, не дошло до застој на застарувањето, ниту до прекин на застарувањето, бидејќи во член 370 од Законот за облигационите односи предвидено е во кои случаи застарувањето не тече, а во член 376 од истиот Закон предвидени се условите за прекин на застарувањето. Во смисла на погоре наведеното, овој суд смета дека во конкретниот случај истечен е рокот од член 115 од ЗРО сметано од денот - 09.01.2017 година кога тужителот се стекнал со право на јубилејна награда, па до поднесување на тужбата на 03.07.2020 година, заради што ја преиначи пресудата, согласно член 361 од Законот за парничната постапка.”