Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-145/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 957.49 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 2, 2021
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-145/21

(...) „Во чл. 35 од Општиот КД за приватниот сектор од областа на стопанството кој е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор е предвидено дека работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа меѓу кои и регрес за годишен одмор во висина која изнесува 40% од основицата, а основицата за пресметка е просечната месечна нето плата по работник во републиката исплатена во последните три месеци.

Со спогодбата за изменување и дополнување на Општиот КД за приватниот сектор од областа на стопанството Сл. в. 119/2015, е предвидено дека кај работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето ценејќи ја економско финансиската состојба на работодавачот по задолжителна претходна консултација со Синдикатот на ниво на гранка, односно оддел, со спогодба потпишана на работодавачот и репрезентативната организација, може да се утврди регрес за годишен одмор во износ помал од износот утврден со овој КД. Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат, спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците.

Тужениот не е член на организација на работодавачи и правото на регрес за годишен одмор на тужителот е утврдено со Општиот КД за приватниот сектор од областа на стопанството. Тужениот не докажа дека имал претходна консултација со синдикатот на репрезентативна организација, ниту со избран претставник од работниците дека утврдил регрес за годишен одмор во износ помал од износот утврден со Општиот КД за приватниот сектор од областа на стопанството. Регресот за годишен одмор за 2016 година изнесувал 8.936,00 денари, а регресот за годишен одмор за 2017 година изнесувал 9.170,00 денари, но во конкретниот случај за 2017 година тужителот побарува износ од 4.585,00 денари.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-372 17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право