Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-154/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 851.01 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 9, 2021
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-154/21

(...) „Согласно чл. 3-б ст. 2 од Законот за агенциите за привремени вработувања, основните услови за работа и вработување на привремените агенциски работници кои ќе бидат исполнети за времетраењето на нивното отстапување кај работодавачот корисник, се истите оние услови кои би се обезбедиле доколку работниците би биле вработени директно од страна на истиот работодавач за извршување на истата работа.

Тужителот работните задачи ги извршува кај работодавачот корисник и работодавачот корисник треба да му ги обезбеди сите услови на отстапениот работник како и на неговите вработени, меѓутоа тужителот е вработен кај тужениот и обврската за исплата е негова.

Првостепениот суд донел одлука со која го задолжи тужениот за исплата на регрес за годишен одмор и на досудените износи правилно првостепениот суд досудил камата сметано од стасаноста на секој износ на регрес од 30.06. наредната година за секоја година па до исплатата согласно чл. 266-а ст.1 од ЗОО и Уредбата и измената на Уредбата со законска сила за примена на ЗОО за време на вонредна состојба.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-153/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право