- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 981.87 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јули 1, 2021
- Последна промена јули 12, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-236/21
(...) „ Во чл. 3-б од Законот за агенциите за привремени вработувања е предвидено, дека основните услови за работа и вработување на привремените агенциски работници кои ќе бидат исполнети за времетраењето на нивното отстапување кај работодавачот - корисник, а кои се наведени во чл. 3-а т. 6 од истиот Закон, се истите оние услови кои би се обезбедувале доколку работниците би биле вработени директно од страна на истиот работодавач за извршување на истата работа. Во конкретниот случај правилно е усвоено тужбеното барање на тужителот на име регрес за годишен одмор за спорниот период од причини што, согласно договорот за вработување склучен помеѓу тужителот и тужениот, работодавач на тужителот е Агенцијата за привремени вработувања, односно тужениот и истата има обврска согласно Законот за агенциите за привремени вработувања. Во точка 6 од чл. 3-а од истиот Закон е предвидено, дека основните услови за работа и вработување претставуваат условите за работа и вработување утврдени со законите и другите прописи, колективните договори и актите на работодавачот - корисник кои се однесуваат на должината на работното време, прекувремената работа, пауза, периоди за одмор, ноќна работа, празници и надоместоци.
Со договорот за отстапување на работници за вршење привремени работи склучен помеѓу тужениот и работодавачот - корисник во чл. 5 е предвидено, дека работодавачот корисник е должен на отстапените работници да им овозможи користење на годишен одмор, согласно Законот за работните односи и Колективниот договор на работодавачот - корисник. Регресот за годишен одмор е изведено право од правото на користење на годишен одмор, па при состојба кога тужителот користел годишен одмор треба да му се исплати регрес за годишен одмор согласно Колективниот договор на работодавачот - корисник, како што предвидува и Законот за агенциите за привремени вработувања. Отстапените работници ги имаат истите права и обврски како да се директно вработени кај работодавачот корисник, а тоа што на тужениот од работодавачот корисник не му се префрлени средства за исплата на регрес за годишен одмор тоа е однос помеѓу тужениот и работодавачот корисник, а не однос помеѓу тужителот и работодавачот корисник.”