Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-279/22

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 875.17 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 12, 2022
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-279/22

(...) „Согласно член 49 став 3 вработените во затворската полиција се овластени службени лица кои работат на обезбедување во казнено поправната, односно воспитно поправната установа и истите правата од работниот однос ги остваруваат согласно овој закон, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за работни односи и Колективните договори.

Согласно член 53 од Законот за извршување на санкциите за вработените во казнено поправните и воспитно поправните установи важат општите начела за вработените во јавниот сектор согласно со Законот за вработените во јавниот сектор, овој закон и Законот за работните односи.

Согласно член 21 став 1 од Гранскиот колективен договор, за органите на државната управа, стручните служби во Владата на РСМ, судовите, јавните обвинителства, казнено поправните и воспитно поправните установи, државното правобранителство, општините, градот С. и општините на градот С., агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија, вработениот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 9.000,00 денари нето, под услов вработениот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај работодавачот, а согласно став 2 од истиот член регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината, а најдоцна до крајот на тековната година.

(...) Со оглед на тоа што таквото право е предвидено со Колективен договор, истото не може да се ограничи поради необезбедени средства во Буџетот на РСМ, а тужителот ова право го остварил, бидејќи истиот работел кај тужениот најмалку шест месеци во 2020 година. Ваквото право на тужителот не може да му се ограничи поради немање на финансиски средства или поради одлуки на Владата. Со оглед на изнесеното овој суд смета дека првостепениот суд правилно го уважил тужбеното барање и го задолжил тужениот на тужителот на име регрес за годишен одмор за 2020 да му исплати износ од 9.000,00 денари.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-278/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право