Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-544/20

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 510.63 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 12, 2021
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-544/20

(...) „ Во чл. 19 од Колективен договор, на тужениот предвидени се обврските кои тужениот ги има кон работникот меѓу кои и исплата на трошоци поврзани со работата и други додатоци согласно актите на тужениот. Во член 44 ст. 1 т. 9 од истиот КД, предвиден е регрес на годишен одмор во висина најмалку од 60% од просечната месечна нето плата по работник во Републиката објавена на денот на исплатата.

Согласно горецитираните одредби од КД на тужениот, произлегува и обврската на тужениот спрема тужителот за исплата на ваквите трошоци, а која висина беше утврдена од страна на вештото лице.

Точно е дека во одредбата од член 9 од Законот за исплата на платите, стои дека работодавачот може да врши исплата на овие надоместоци во висина најмногу до 60%, меѓутоа со самиот факт што тужениот во својот колективен договор ја предвидел исплатата на побаруваните надоместоци, произлегува и неговата обврска спрема тужителот за исплата на истите. Ова дотолку повеќе што согласно член 12 став 3 од ЗРО, со колективен договор може да се одредат правата кои за работниците се поповолни отколку што ги определува ЗРО, а правата од работен однос утврдени со устав, закон и колективен договор не можат да се одземат или ограничат со акти и дејствија на работодавачот. Доколку тужениот смета дека вакви трошоци не следуваат на работникот согласно предвидена постапка треба да направат измени на колективниот договор, а не да предвидат права кои после не можат да ги исполнат. Исто така тужениот на 23.12.2019 година донесол одлука за исплата на регрес за годишен одмор на 2017 година, 2018 година и 2019 година во висина од 40 посто од просечната плата по работник во републиката објавена на денот на исплатата, по таквата одлука не постапил, а од друга страна не може со акти на работодавецот да се менуваат одредби од Колективните договори на што упатува и чл. 12 од Законот за работните односи. Со Колективниот договор на работодавец предвидено е поповолно право на име регрес за годишен одмор, па правилно од страна на првостепениот суд усвоено е тужбеното барање.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев.3.бр.143/2020
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право