Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-33/22

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 842.43 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 10, 2022
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-33/22

(...) „Ценејќи ги доказите правилно утврдил првостепениот суд дека тужителот бил вработен кај тужениот на неопределено време на работно место самостоен референт за изградба и надзор. Помеѓу тужениот како работодавач и синдикалната организација на тужениот на 31.10.2014 година бил склучен колективен договор во кој биле доуредени правата, обврските и одговорностите од работен однос.

Во чл. 19 од Колективниот договор било предвидено дека тужениот има обврски кон работникот, а кои обврски се наведени во 13 точки, а во кои спаѓа и обврската за исплата на плата, надоместоци, трошоци поврзани со работа и други додатоци согласно актите на тужениот, овој колективен договор, посебен колективен договор и Закон. Во чл. 43 од истиот било предвидено правото на исплата на надомест на трошоци поврзани со работата, а во точка 7 бил предвиден новогодишен надоместок во висина од најмалку 60% од просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци, а во точка 8 бил предвиден регрес за годишен одмор во висина од 60% од просечната месечна нето плата по работник во РМ објавена
до денот на исплатата.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-8/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право