Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-421/22

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 944.13 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 14, 2022
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-421/22

(...) „Во член 67 став 1 точка 8 од Колективниот договор за угостителство на Република Македонија е предвидено дека работникот има право на надоместок на трошоци поврзани со работата и тоа за надоместок за годишен одмор и новогодишен надоместок, а според член 77 од истиот договор за деновите поминати на годишен одмор работникот добива регрес за годишен одмор во висина до една просечно исплатена нето плата во Република Македонија во последните три месеци и има право на новогодишен надоместок во висина од најмалку 60% просечно исплатената нето плата во Република Македонија во последните три месеци.

Тужениот не е спорно дека на тужителот не му исплатил новогодишен надоместок за 2018, 2019 и 2020 година иако тужителот работел кај тужениот во наведените години се до 26.12.2021 година, ниту уплатил данок на личен доход на тие надоместоци, а исто така неспорно е дека му исплатил само 1.000 денари надоместок за годишен одмор за 2020 година, но не и целиот износ од 10.045 денари, како и данок на личен доход за тој надоместок.

Поради тоа, а согласно погорецитираните членови од Колективниот договор за угостителство на Република Македонија, тужениот е должен на тужителот да му исплати износ од 14.676 денари за новогодишен надоместок за 2018 година, износ од 15.257 денари за новогодишен надомесок за 2019 година и износ од 16.568 денари за новогодишен надоместок за 2020 година, како и разлика во надоместок за годишен одмор за 2020 година во износ од 10.045 денари и данок на личен доход за тој надоместок во износ од 1.227 денари. Имено, со член 1 од Спогодбата за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството „Службен весник на РСМ“ број 119 од 14.07.2015 година со кој е изменет член 35 став 1 алинеја 7 од овој договор повеќе не се содржани одредби за новогодишен надоместок, туку само за регрес на годишен одмор, меѓутоа за тужениот како што е погоре наведено важи Колективниот договор за угостителство на Република Македонија во кој во член 67 став 1 точка 8 предвидено е дека работникот има право на надоместок на трошоци поврзани со работата и тоа за надоместок за годишен одмор и новогодишен надоместок, а нивната висина е определена во член 77 од истиот договор. Тоа значи дека тоа право е утврдено за тужителот со овој колективен договор.

При тоа, за исплата на новогодишниот надоместок во овој договор не е предвидено работникот да работел на новогодишната ноќ, туку овој надоместок претставува право на работникот утврдено со колективен договор кое произлегува од работниот однос заснован со тужителот, а неспорно е дека во 2018, 2019 и 2020 година тужителот работел кај тужениот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-405/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право