Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-546/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 943.78 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 31, 2022
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-546/21

(...) „Согласно чл. 77 ст. 2 од КД за угостителството на РСМ, работникот има право на новогодишен надоместок во висина од најмалку од 60% од исплатената просечна нето плата во Републиката во последните три месеци.

Во конкретниот случај, станува збор за право од работен однос кое е регулирано во Колективен договор на ниво на гранка и истото е поповолно за тужителот како работник, а ваквиот Колективен договор важи и за тужениот кој се занимавал со угостителска дејност со оглед дека кај тужениот немало Колективен договор на ниво на работодавач.

Во чл. 3 од КД за угостителството, стои дека овој договор важи за сите работници и работодавачи од областа на угостителството според националната класификација на дејности на РСМ опфатени под Сектор Ж - Хотели и Ресторани, Оддел - 55 со сите групи, класи и подкласи.

Во конкретниот случај, неспорно е дека тужениот нема Колективен договор на ниво на работодавач, но за него се применуваат одредбите од Колективниот договор за дејноста на која припаѓа, односно Колективниот договор за угостителството, а на кој се повикал и самиот тужен при донесувањето на одлуката од 07.05.2012 година со која го условил исплаќањето на овој надоместок со донесување на Одлука од Одборот на директори или извршниот директор, а во зависност од финансиските можности на друштвото. Бидејќи правата од работен однос, како и правото од новогодишен надоместок е утврдено во Колективен договор, истото не може да се одземе или ограничи со акт на работодавачот, ниту пак исплатата на овој надоместок е условена со работа на работникот на новогодишна ноќ, како што наведува тужениот во жалбата.

Од друга страна, видно од Колективниот договор за угостителството на РСМ, во истиот стои дека истиот е склучен помеѓу Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално станбеното стопанство, занаетчиите и заштитните друштва на РСМ и Здружението на хотели, ресторани и кафетерии Х. при организацијата на работодавачи на Македонија. Од ова произлегува дека и тужениот спаѓа во Здружението Х., а оттука и неговата обврска за надоместок на тужителот.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.184/2020
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право