Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-566/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 865.40 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 31, 2022
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-566/21

(...) „ Имено, согласно член 19 од Колективниот договор на тужениот, истиот има обврска да исплаќа плата, надоместоци, трошоци поврзани со работата и други додатоци согласно актите на акционерското друштво, колективниот договор, посебен колективен договор и закон, а согласно член 43 од истиот, пропишани се надоместоците и трошоците кои презел обврска работодавачот да им ги исплаќа на вработените согласно наведената одредба, а меѓу кои во точка 7 е наведен новогодишен надоместок во висина од најмалку 60% од просечната месечна нето плата по работник во РМ објавена до денот на исплатата, а во точка 8 регрес за годишен одмор во висина од 60% од просечната месечна нето плата по работник во РМ објавена до денот на исплатата, со тоа што за надоместоците на трошоците поврзани со работа од точка 1 до точка 10 одлука донесува генералниот директор на акционерското друштво или раководителот на подружницата по овластување од генералниот директор освен за трошоците за службени патувања во земјата кои се исплаќаат согласно патниот налог.

Од изведените докази правилно утврдил првостепениот суд дека тужениот не му исплатил на тужителот регрес за годишен одмор за наведените години како и новогодишен надоместок во висина на износите утврдени од страна на вештото лице и правилно постапил кога со побиваната пресуда, а согласно горе наведените одредби од Колективниот договор на тужениот го задолжил тужениот да му ги исплати на тужителот наведените износи по овие основи како и персоналниот данок, а со тоа правилно го применил и материјалното право. Со оглед да со наведените одредби од Колективниот договор на тужениот е пропишана обврска на тужениот за исплата на надомест на горе наведените трошоци во висина утврдена со овој колективен договор, правилно заклучил и прифатил првостепениот суд дека за исплата на ваквите надоместоци и трошоци не е пропишана обврска за поднесување на барање за исплата на истите од страна на работникот, бидејќи ваквите надоместоци и трошоци се пропишани во колективниот договор на тужениот како право на работникот, односно обврска на тужениот како работодавач, а исто така пропишана е и висината на ваквите надоместоци и трошоци, па тужениот е должен истите да ги исплати на тужителот како работник без оглед дали е поднесено или не барање за исплата на истите. Исто така не е од влијание и фактот дали за ваквите надоместоци и трошоци е донесена одлука на Генералниот директор на тужениот или раководителот на подружницата по негово овластување, од причини што ваквото право на овие надоместоци како и нивната висина е пропишано со колективниот договор на тужениот и ваквите надоместоци како парични побарувања тужителот како работник може да ги остварува директно во судска постапка без оглед дали кај тужениот била донесена одлука за нивна исплата или не.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-546/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право