- Version
- Преземи 5
- Големина на фајлот 913.32 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 1, 2021
- Последна промена јули 12, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-344/21
(...) „Имено, согласно чл. 106 од ЗРО, додатоците се определуваат за посебни услови при работа кои произлегуваат од распоредот на работното време и тоа за работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, работа на дежурство, продолжена работа, работа во ден на неделен одмор, работа во празници определени со Закон и додаток за работен стаж. Согласно член 117, а в.в. со чл. 3 од истиот Закон, на работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, работодавачот е должен да му исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата во Републиката.
Согласно член 15 од Правилникот за плата кај тужениот работникот покрај основната плата има право на додатоци од плата согласно Закон и Колективен договор и тоа 35% за прекувремена работа.
Со оглед да тужителот остварил прекувремена работа кај тужениот и работел прекувремено односно остварил над 150 часа од полното работно време во наведените години, правилно првостепениот суд согласно наведените одредби го задолжил тужениот да му исплати на тужителот бонус за овие години во утврдената висина, како и додаток за прекувремена работа во износ од 2.636,00 денари, а со тоа правилно го применил и материјалното право.”