- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 973.85 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 3, 2021
- Последна промена јули 12, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-308/21
(...) „Правилно утврди првостепениот суд дека тужителот одел на службени патувања во земјата и правилно заклучил првостепениот суд дека на тужителот му следува дневница за службени патувања во износ од 39.258,00 денари, кој износ е досуден согласно реализираните службени патувања со увид во евидентната книга со време на поаѓање на службен пат и време на доаѓање. Како утврди првостепениот суд кај тужениот имало флексибилно работно време и работното време било од 07.30 до 08.00 часот со почеток на работното време и заминување од работа од 15.30 до 16.00 часот или 16.30 часот. За овие службени патувања има и патни налози. Таков патен налог има и за 29.12.2016 година, службеното патување е реализирано, па неосновани се жалбените наводи дека дневниците за службени патувања се досудени само од евидентните листи. Доставената наредба за работното време од тужениот за 2016 година е од 30.12.2016 година. Поради тоа, правилно во овој дел првостепениот суд го уважил тужбеното барање согласно Колективниот договор на тужениот кој е задолжителен за истиот и должен е да го почитува.”