Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-308/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 973.85 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 3, 2021
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-308/21

(...) „Согласно Колективниот договор на тужениот од 31.10.2014 година во член 43 е предвидено дека, работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од 60% од просечната месечна нето плата по работник во републиката објавена до денот на исплатата, а има право и на новогодишен надоместок во висина од најмалку 60% од просечната месечна нето плата по работник во републиката исплатена во последните три месеци. Неосновани се жалбените наводи на тужениот дека првостепениот суд немал во предвид дека не била донесена одлука од страна на тужениот за исплата на ваквите надоместоци, бидејќи ваквото право на правниот претходник на тужителот е утврдено со Колективниот договор на тужениот, каде во член 43 е регулиран начинот на исплата. Бидејќи ова право тужениот го предвидел со Колективен договор, правилно заклучил првостепениот суд дека на тужителот му следува досудениот надоместок за регрес за годишен одмор и за новогодишен надоместок и неосновани се жалбените наводи на тужениот дека не му имал исплатено на никој од вработените па не му следувала исплата ни на тужителот. Неосновани се жалбените наводи дека тужениот донел одлука да не се исплаќаат овие надоместоци ни дневници за службени патувања согласно Заклучокот на Владата на РМ поради антикризни мерки, бидејќи антикризните мерки се однесуваат за 2010 и 2011 година кои не се предмет на тужбено барање.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-308/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право