Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-17/21

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 992.33 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 10, 2021
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-17/21

(...) „Работата кај тужениот била организирана во смени и тужителот можел да користи неделен одмор најчесто кога смената завршувала со прва смена од причини што после прва смена и еден ден слободен можеле да се створат услови од 36 часа непрекинат одмор, а 36 часа непрекинат одмор можел да се јави и после втора смена кога пак тужителот почнувал во втора смена, ако и од трета смена кога почнувал со трета смена. Меѓутоа согласно распоредите за работа тужителот работел така да не можел да оствари неделен одмор со непрекинато траење од 36 часа и работел и во недела. Во текот на неделата за целиот предметен период на тужителот не му било овозможено да користи неделен одмор од непрекинато траење од 36 часа. Поради тоа, првостепениот суд го задолжил тужениот на тужителот да му го исплати додатокот на плата за работа во ден на неделен одмор во нето износ од 20.182,00 денари согласно дополнителниот наод на вештото лице.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-10/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право