Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-207/22

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 872.62 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 15, 2022
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-207/22

(...) „Согласно член 128 од Законот за работни односи предвидени се правата на работниците кои работат ноќе. Во став 3 алинеја 2 од ЗРО, е предвидено дека работникот кој работи ноќе има право на соодветна храна. Со чл. 15 од измените и дополнувањата на Законот за работните односи Службен весник бр. 120/2018 е предвидено дека работодавачот на работниците кои работат ноќе е должен да му обезбеди соодветна храна, или надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20% од просечната нето плата по работник, исплатена во РСМ во претходната година, сразмерно за деновите кога работникот работи ноќе.

Во конкретниот случај од изведените докази правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот во периодот од 01.08.2018 година до 31.12.2020 година работел ноќе и дека за деновите кога работел ноќе, односно најмалку 3 часа ноќно време од својата дневна работна обврска согласно горе наведената одредба остварил право на надоместок на трошоците за исхрана за тие денови во вкупен износ од 41.421,00 денари. Oбврската на работодавачот за обезбедување на соодветна храна или надомест на трошоци за исхрана за работа ноќе е регулирано во наведената одредба и тоа сразмерно за деновите кога работникот работи ноќе. Според тоа работникот кој работи ноќе барем три часа од својата редовна дневна работна обврска има право на надомест на трошоците за исхрана во утврдената висина, доколку работодавачот не му обезбедил храна за работа ноќе. Крајно станува збор за работник кој работи во смени, а според наодот од вештото лице одработува една третина од својата годишна работна обврска, па според тоа го остварил правото за надомест на трошоците за храна за ноќна работа во наведената висина.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-176/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право