Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-427/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 886.26 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 6, 2021
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-427/21

(...) „Во чл. 67 од КД на тужениот, е предвидено дека директорот или работникот кој тој ќе го овласти со посебно решение можел да им определи на поедини работници дежурство вон од редовното работно време и е должен на работникот да му исплати надоместок во висина од 10% од полната дневница за службено патување.

Во конкретниот случај од списоците на вработени за работа во празник, списоците на вработени за работа во неработни денови, списоците за вработени за дежурства, од известувањата за прекувремена работа, од вештиот наод правилно заклучил првостепениот суд дека кај тужениот се изготвувале и списоци и работниците биле распоредени да дежураат во неработни денови и во денови на државни празници. Тоа што по чл. 67 од КД на тужениот, е предвидено дека директорот или од него овластен работник со посебно решение можел да определи кои работници ќе бидат распоредени на дежурство вон од работното време, а тоа не е правено со решение, не е вина на тужителот, туку е неспорен факт дека тужениот не ја почитувал одредбата од Колективниот договор.

Тужениот наместо да носи решенија за тоа кои лица ќе бидат ангажирани на дежурство за време во викенди или неработни денови, истиот изготвувал списоци за лицата кои биле дежурни во неработни денови и во денови на државни празници па при таква состојба правилно од првостепениот суд е усвоено тужбеното барање на тужителот. Од страна на сведокот К. Р. на тужителот му било усно кажувано дека во неработни денови или празници е дежурен и дека треба да седи дома, па доколку има потреба да биде на располагање на тужениот. Тужителот кога бил на располагање во неработни денови или празници не можел во овие денови своето слободно време да го користи неограничено, туку морал да биде на располагање на работодавачот, во случај да се укажела потреба и да биде повикан на работа. Меѓу другото тужениот во жалбата наведува дека, наодот и мислењето на вештото лице е паушален, а табелата изготвена од страна на вештото лице се темели на предлозите од страна на непосредниот одговорен за механизација и тоа за работа во празник и прекувремена работа, меѓутоа сите тие предлози не се прифатени од страна на директорот на подружницата, односно не биле доставени до правната служба за изготвување на решение за дежурство.

И ваквите жалбени наводи овој суд не ги прифати од причини што согласно чл. 235 од ЗПП со одговорот на тужбата, тужениот можеше да достави свое вештачење, а не да истакнува приговори во текот на постапката и сега во жалбата. Тоа што на тужителот ограничено му било да располага со слободното време, бидејќи во неработни денови и празници бил распоредуван на дежурство, односно бил на приправност тужениот има обврска да постапи по погоре цитираниот член од Колективниот договор на тужениот, а тоа што не ја спроведувале постапката за примена на дежурства, односно не биле носени решенија не може да се препише како вина на тужителот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-393/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право