Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-18/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 870.23 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 17, 2021
  • Последна промена јули 13, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-18/21

(...) „Согласно чл. 82 ст. 1 т. 5 од ЗРО работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување особено ако работникот стори кражба или во врска со работата, намерно или од крајно невнимание предизвика штета на работодавачот.

Правилно првостепениот суд прифатил дека тоа што производот вредел како наведува тужителот околу 150,00 денари не ја исклучува одговорноста на тужителот за направената повреда иако шишето му било одземено од тужениот и вратено во производниот погон. Намерата на тужителот била шишето да го изнесе надвор од фабриката и да го однесе дома за домашна употреба како наведува и самиот во својот исказ. Доколку не бил претресен тоа и ќе го направел, бидејќи неговата намера била пластичното шише со алкохол - шпиритус кое го наполнил без дозвола од тужениот, да го изнесе надвор од фабриката.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-13/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право