- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 898.82 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 13, 2022
- Последна промена јули 13, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-68/22
(...) „Неспорно е дека тужителот сметано од 2000 година, па се до денес, не одел на работа, но притоа примал плата врз основа на договори за вработување. Исто така, неспорно е дека на 28.05.2021 година, тужениот со известување го повикал тужителот да се јави на работа на 01.06.2021 година, но истиот не постапил по таквото известување, поради што тужениот му го откажал договорот за вработување, поради неоправдано отсуство од работа три последователни дена, или пет дена во текот на годината, во смисла на чл. 81 ст.1 т. 1 од ЗРО. Исто така, од известувањето од страна на М. П. произлегува дека, писмениот допис од тужениот до тужителот од 31.05.2021 година бил примен од мајката на тужителот на 02.06.2021 година.
Во чл. 72 од ЗРО, стои дека работодавецот е должен во одлуката со која се изрекува престанок на работен однос да го наведе основот на отказот утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот, да ја докаже основаноста на причината која го оправдува отказот и истите да ги наведе во образложението.
Согласно чл. 82 ст. 1 т. 1 од ЗРО, на работникот му престанува работниот однос, односно му се откажува договорот за вработување без отказен рок поради неоправдано изостанување од работа три последователни работни дена, или пет работни дена во текот на една година.
Во конкретниот случај, тужениот како работодавач, во одлуката за отказ на договорот за вработување иако ги навел причините за отказот, а тоа било недоаѓање на работа три последователни работни дена или пет дена во годината, со самиот факт што во одлуката не биле наведени кои три работни последователни работни дена, или пет работни дена во текот на годината тужителот отсуствувал од работа, односно не е наведено во кои конкретни денови тужителот отсуствувал од работа, иако тужениот бил должен точно да наведе за кои денови станува збор, произлегува дека ваквата одлука е незаконита, бидејќи има формални недостатоци. За да биде одлуката за отказ на договорот за вработување законита, тужениот беше должен точно да ги наведе кои три последователни работни денови тужителот отсуствувал од работа, или пет работни денови во текот на годината.”