Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-113/22

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 979.62 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 9, 2022
  • Последна промена јули 13, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-113/22

(...) „Имено, согласно чл. 81 ст. 1 т. 3 од ЗРО, работодавачот може да му го откаже договорот за вработување на работникот поради кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор, акт на работодавачот и договорот за вработување со отказен рок, особено ако: не се придржува кон прописите што важат за вршење на работите на работното место. Од изведените докази и утврдените факти од страна на првостепениот суд, несомнено произлегува дека тужителот знаел дека е назначен за опслужувач на банкоматот во експозитурата, истиот не го почитувал Упатството за работа со банкомати, кое му било достапно и бил запознат со него, па иако знаел дека редовно броењето и внесот на банкноти во банкоматот се вршело во присуство на двајцата вработени, тој на ден 25.04.2018 година како опслужувач, иако бил должен да присуствува при полнењето на касетите од банкоматот, не присуствувал на нивното полнење, а кое нешто и самиот не го оспорува, па потоа без да ја провери точната состојба се потпишал на записникот од 25.04.2018 година со што потврдил дека се точни податоците во овој записник за внес на банкноти што наредниот ден при пописот направен од сведоците Х. Г. и М. С. се утврдило дека не е точно, а кое нешто исто така го потврдува и самиот тужител. Според тоа, овој суд оценува дека првостепениот суд неправилно прифатил и заклучил дека тужителот не ги сторил повредите за кои му е откажан договорот за вработување и дека побиваните одлуки на тужениот биле неосновано и незаконито донесени. Неправилно прифатил првостепениот суд дека тужителот по инсистирање на сведокот И. М. и по негова наредба извадил пари и му изброил, без притоа да може да биде свесен дека неговиот надреден има друга намера и дека поради тоа првостепениот суд оценува дека тужителот не ги сторил наведените повреди и дека поради тоа предметните одлуки биле незаконити од материјално правен аспект и дека без законски основ на тужителот му бил откажан договорот за вработување. Ова од причини што од изведените докази и утврдените факти несомнено произлегува дека тужителот знаел дека бил назначен за опслужувач на банкоматот, истиот бил запознат со упатството за работа со банкомати, кое било достапно до сите вработени, па и до тужителот, па иако знаел дека редовно броењето и внесот на банкноти во банкоматот се вршело во присуство на двајцата вработени, истиот не постапил согласно упатството и не присуствувал на нивното полнење, а кое нешто е неспорно од страна на тужителот, па потоа без да ја провери точната состојба се потпишал на записникот, со што потврдил дека податоците наведени во истиот се точни, а кое нешто наредниот ден при пописот било утврдено дека состојбата во банкоматот не одговара со содржината на потпишаниот записник. Исто така, Овој суд оценува дека фактот што клучот од банкоматот стоел кај раководителот не е од влијание за поинакво одлучување, бидејќи без оглед што за банкоматот постоел само еден клуч и истиот бил кај раководителот, тужителот согласно упатството бил должен да присуствува на полнењето на банкоматот, па со самото неприсуствување на полнењето и потпишувањето на записникот, тужителот ја сторил повредата за која му е откажан договорот за вработување. Исто така и фактот што сведокот, односно раководителот И. М. бил именуван за заменик опслужувач на банкоматот, не е од влијание за поинакво одлучување. Тужителот бил должен да постапи согласно упатството на тужениот за работа со банкомати, па неприфатлив е заклучокот на првостепениот суд дека тужителот постапувал по наредбите на сведокот И. М. и дека истиот не ја сторил повредата за која му е откажан договорот за вработување, а тоа што таквиот начин на полнење на банкоматот била пракса во филијалата во П., не го ослободува тужителот од одговорност за сторената повреда, бидејќи истиот бил должен да постапува согласно Упатството и другите акти на тужениот како и согласно договорот за негово вработување.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-96/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право