- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 1,021.46 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 6, 2022
- Последна промена јули 13, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-205/22
(...) „Од изведените докази во текот на постапката се утврди дека на тужителката пред да и се откаже Договорот за вработување и била дадена опомена поради правење конфликти на работното место пред купувачи, пред вработени колешки со што се нарушувал угледот и имиџот на компанијата, за што на 20.06.2017 година од страна на управителот во опомената и било укажано, доколку тужителката не го поправи своето однесување, го задржува правото да и го откаже Договорот за вработувње. Од изведените докази, а посебно од изјавата на регионалниот раководител Е. П. и изјавата на вработената Р. Л., се утврди дека за периодот кога тужителката се терети во одлуката дека сторила прекршување на работниот ред и дисциплина и откажан и е договорот за вработување, била известена дека работното време во Б. во продавницата и почнува од 10 часот, а завршува во 20 часот. Тужителката како се утврди од исказот на раководителот Е. П., побарала по електронска пошта да замине порано од работа, но не и било одобрено. Откако и се покачил притисокот и се влошила здравствената состојба, побарала лекарска интервенција и по препорака од лекар специјалист, тужителката била ослободена од преостанатите работни часови до крајот на работниот ден. Како се утврди од изјавата на раководителот, а и на вработената Р. Л., тужителката ослободувањето од работа го побарала за да замине на прослава поради матурската на нејзиниот син. По заминувањето од работа истиот ден околу 16 часот по препорака од лекар специјалист, како се утврди од исказот на сведокот Р. Л., наредниот ден на работа и се пофалила дека многу убаво си поминала на свеченоста.
Тужителката сторила кршење на работниот ред и дисциплина и на ден 11.08.2017 година, бидејќи иако била известена кога и почнувало работното време, а кога и завршува, останала на работа до 19 часот, со оглед да имала повратна автобуска карта и последниот автобус и бил до 19:30 часот. Од изјавата на раководителот Е. П. и електронската комуникација, овој суд утврди дека тужителката била известена, по проверено, дека последниот автобус на релација Б. - О. не е до 19:30 часот, затоа што и после 20 часот имало автобуска линија за Б. - О.”